Со користење на услугите овозможени од страна на УХост вие без ограничување се согласувате со правилата и условите наведени во понатамошниот текст. Ве молиме внимателно прочитајте ги овие услови бидејќи истите ги истакнуваат вашите права, обврски и ограничувања.
1. Приватност - Вашите лични податоци се строго доверливи, истите нема да бидат неовластено заменети, злоупотребени или дадени на трети лица. Доколку за наш клиент или услуга која е поврзана со наш клиент се води истражна постапка кај Надлежен орган и по барање на Надлежниот орган ние може да ги доставеме бараните податоци за лицето за кое се води постапката во согласност со законите на РМ.
2. Спам - УХост најстрого забранува секаков вид на спамирање односно испраќање на одеднаш голем број на несакaни е-маил пораки. Забрането е испраќање на е-маил пораки кои содржат расистичка, криминалистичка, терористичка, напаѓачка и навредлива содржина. Доколку се забележи спамирање веднаш акаунтот без предупредување ќе биде суспендиран или избришан без враќање на уплатените средства.
3. Валидни информации – При нарачувањето на некоја од нашите услуги вие сте должни да внесете валидни, точни податоци за вас. Доколку дојде до промена на некои податоци кои се евидентирани кај нас обврзани сте да не известете за настанатата промена. Податоците се од голема важност за да се избегне залоупотреба од страна на трети лица при користење на некои од нашите услуги.
4. Тест период - УХост на сите заинтересирани потенцијални клиенти може да им обезбеди тест акаунт во времетраење од 15 дена на shared ,reseller, стриминг и ВПС пакетите. Тест периодот е поделен во период од по 7 дена и тоа првично се доделуваат 7 дена а пред истекот корисникот потребно е да испрати барање за дополнителни 7 дена тест период и во истото барање да наведи реални причини за потребата од подолг тест период.
5. Нарачки и нов акаунт - Нотификација за успешно завршената нарачка ќе биде испратена на е-маил адресата која ја имате наведено како е-маил за контакт. По добивањето статус наш клиент ќе ви испратеме инструкции за користење на услугите. Дополнително ќе ви доставеме корисничко име и лозинка кои треба да ги чувате доверливо и во никој случај не споделувајте ги со трети лица. Доколку повеќе лица имаат пристап до хостинг акаунт за одговорен ќе се смета она лице кое е заведено како лице за контакт. Ако забележете сомнителни активности поврзани со вашиот акаунтот потребно е веднаш да не известете по е-маил на нашата маил адреса: support@uhost.mk
6. Регистрација на домен – Периодот потребен за регистрацијата на домените е различен. Интернационалните домени се регистрираат од 1-48 часа по извршената уплата ( зависно од видот на доменот ). Додека домените со наставка .mk се регистрираат во рок од 3-9 работни денови по извршената уплата.
7. Содржина - УХост се согласува да прифати порнографска содржина доколку ги задоволуваат законските норми, содржините да не вклучуваат материјали од лица помлади од осумнаесет (18) години, порнографските содржини да бидат наменети за лица постари од осумнаесет (18) години. Клиентите пред објавување на порнографскиот материјал должни се да го проверат изворот како и податоците за истиот. Како клиент на УХост се обврзувате дека нема да објавувате нелегална содржина, расистички, насилни, злобни и непристојни содржини како и навреда на одредена религија, терористичка содржина, класифицирани доверливи информации и документи ( согласно Законот за класифицирани информации на РМ ), сродни веб сајтови на терористичка мрежа, содржина која ги нарушува авторските права. Се обврзувате дека нема да вршете никаков вид на илегална трговија. При поставување на податоци/содржини на хостинг акаунтот истите треба да се во согласност со Законите на Република Македонија. Доколку податоците/содржините на вашиот хостинг акаунт се спротивни и не го почитуваат Законот на РМ вие сами ја сносите одговорноста за настанатата ситуација. При затекнување на некоја од горенаведените содржина клиентот се обврзува истата да ја отстрани во најбрз временски период, доколку таквата содржина не ја отстрани во дадениот временски период УХост го задржува правото да го суспендира или избрише акаунтот без претходно известувања. Вие во никој случај нема да го сметате УХост за одговорен за настанатата ситуација.
8. Обврски - Вие се согласувате дека нема да собирате и загрозувате доверливитe информации на другите корисници на серверите на УХост како и на лице од УХост или друга организација. Се обврзувате да ги почитувате правата на приватност на УХост како и на останатите клиенти и сите инволвирани страни, се согласувате дека во никој случај нема да се обидете недозволено да пристапете до доверливите информации на останатите корисници или УХост. УХост не дава никакво ветување во врска со вашите услуги кои ги нудете на вашата веб страна и не е виновен доколку вашиот план-проект е неуспешен и не сме одговорни за било каков спор кој го имате со трети лица.
9. Уплата - Нарачките за shared и reseller пакетите се активираат по пристигнувањето на нарачката, но лицето кое ја направило нарачката должно е за истата да уплати во рок од 3 (три) дена. Доколку во овој реок не е забележана уплата истата нарачка ќе биде деактивирана/откажана. Лиценците за софтвер, Виртуелните Сервери, Дедицирани Сервери и веб домени се активираат по забележаната уплата.
10. Полиса за рефундирање - Проблеми поврзани со хостинг акаунтот или серверот клиентот е должен да ги пријави до техничкиот оддел на УХост. Во рок од 7 по активирањето на нарачката доколку клиентот забележи проблеми со хостинг акаунтот или серверот должен е за истиот да го извести техничкиот оддел на УХост на маил адресата support@uhost.mk. Доколку во рок од 48 часа проблемот не биде решен од страна на УХост истиот клиент има можност да побара рефундирање на уплатените средства. Можноста за рефундирање се однесува за Shared, Reseller и VPS услугите. Додека оваа полиса не важи за клиентите кои имаат нарачано Дедициран Сервер, еднократен надомест за сетирање за Дедицираните Сервери, Лиценци за софтвер, регистација на домени.
11. Надминувања - Нашите хостинг пакети се креирани така да имаат доволни ресурси и да одговараат на потребите на клиентите. Сепак може да се случе да дојде до целосно искористување на веб просторот или месечниот сообраќај согласно вашиот пакет. Ние ќе ви испратеме е-маил известувања кога искористувањето на веб просторот или месечниот сообраќај е поголемо од 80%. Доколку целосно го искористете дозволениот веб простор или месечен сообраќај УХост може да го суспендира вашиот акаунт. Доколку го искористете целосно вашиот месечен сообраќај пред истекот на тековниот месец вашиот сајт ке биде недостаен до 01 наредниот месец кога мерачот за сообраќај ќе се рестартира. За Дедицираните сервери по надминување на месечниот сообраќај се доплаќа дополнително за секој потрошен 1GB на сообраќај. Цената за доплата е во зависност од локацијата каде е поставен дедицираниот сервер. Корисникот е должен навреме да се информирам за цената на надминатите GB сообрќај за дедицираните сервери.
12. Обнова на услугата – Пред истекот на уплатениот период УХост ќе ви испрати е-маил известување во врска со обнова на услугите. Доколку од било која причина сакате да ја откажете нашата услуга должни сте да не известите за тоа најмалку 10 дена пред истекот на услугата. Доколку не не известите а сакате да ја откажете услугата но времето за откажување е поминато тогаш должни сте да уплатете за нејзино продолжување. Дедицираните сервери се откажуваат 25 дена пред истекот на услугата. Доколку сакате да ја обновите услугата потребно е за истата да уплатете пред истекот во спротивно вашата услуга ќе биде деактивирана.
13. Поддршка - УХост на своите клиенти им нуди техничка поддршка 24 часа во денот 7 дена во неделата. Техничкиот оддел можете да го контактирате на маил, телефон, skype, MSN или пак преку online системот поставен на нашиот сајт. Сите наши контакт информации може да ги погледнете на следниот линк: http://uhost.mk/kontakt
14. Безбедност и заштита - УХост се грижи за максимална заштита и безбедност на серверот но не и за заштита на вашите сајтови. Вие сте должни сами да ги одржувате и надоградувате вашите сајтови. Во случај на хакерски напад на вашиот сајт вие сте должни истиот сами да го решете и отстранете проблемот. Нашиот технички тим може но не е должен да го реши и отстрани проблемот на вашиот сајт што е предизвикан од страна на трети лица.
15. Заштита на податоци - УХост користи RAID 10 заштита на податоци на Linux хостинг платформата, ( shared, reseller и ВПС). На сите останти сервери се користи минимално RAID1 заштита. УХост прави дополнително offline неделен back up како дополнителна заштита доколку дојде до губење на податоците. Но сепак УХост НЕ Е одговорен за изгубените податоци, поради погрешен back up или пак доколку воопшто не сте направиле back up на вашиот сајт. Наша препорака е редовно да правете BACK UP на вашите податоци хостирани на нашите сервери!
16. Преоптеретувања - Вие се согласувате нема да ги користете услугите за дистрибуција или складирање на скрипти кодови и др вид злонамерен софтвер кој може да доведе до создавање на хардверски и софтверски грешки , да ја намали брзината на работење на серверот или неговата конекција. Или на друг начин да ја загрози сигурноста на системите на УХост, корисниците или други лица и организации.
Секој веб сајт троши ресурси како што се процесор, меморија, мрежни ресурси. Доколку вашиот сајт е хостиран на shared или reseller хостинг план тогаш ние не толелираме злоупотреба, надминување односно оптеретување на ресурсите на серверот од страна на еден акаунт во однос на останатите акаунти на истиот сервер. Ресурсите на еден хостинг или reseller сервер мора да бидат распоредени за сите корисници еднакво, така што се ограничува користењето на процесорот и рам меморијата. Прекумерното користење на процесорот и меморијата на еден или повеќе корисници доведува до екстремно забавување на Apache, MySQL, E-mail, HTTP и др... Доколку дојде до оптеретување на серверот од страна на еден акаунт истиот акаунт може да биде деактивиран без претходно известување. Нашиот технички тим може но не е обврзан да помогне во одстранување на проблемот со сајтот кој го оптеретува серверот. Доколку сепак одреден акаунт има потреба од повеќе ресурси како што се рам и процесор тогаш неопходно е да се надогради до ВПС или Дедициран сервер односно до пакет кој нуди гарантирани ресурси на рам и процесор.
Ограничувања:
- Еден хостинг акаунт несмее да надминува искористување на рам меморијата повеќе од 7%
- Не се дозволува надминување на оптеретеноста на процесорот над 10% по хостинг акаунт
- Apache конекциите се лимитирани на максимални 30 конекции во секунда
- 15 MySQL конекции е дозволениот максимум
- Поради заштита од спамирање поставен е лимит од максимален број на 300 испратени е-маил пораки во рок од еден час
Овие ограничувања под точка 16 НЕ ВАЖАТ за ВПС и ДЕДИКЕЈТЕД серверите! Дополнително постојат и останати исклучоци од овие правила!
17. Измени - УХост има правото да ги измени, додаде, избриши одредени одредби од условите за користење без за тоа да бидат известени корисниците. Доколку се променат условите корисникот треба да ги прифати новите услови или пак да се придржува на претходните се додека не истечи уплатениот период. УХост без да ги извести корисниците може да ги суспендира, исклучи или ги ограничи корисниците кои нема да се придржуваат кон условите за користење или некои од законите.










